во ,

Ги исклучиле алармите со сајбер-напад, па украле злато вредно 1,5 милиони евра

Француското обвинителство соопшти дека жена со кинеско потекло е обвинета за кражба на шест златни грутки вредни околу 1,5 милиони евра од Природонаучниот музеј во Париз.

Таа била уапсена во Барселона, додека се обидувала да се ослободи од околу еден килограм стопено злато, наведоа официјалните лица. Шпанската полиција ја уапсила по европски налог, а истиот ден била екстрадирана во Франција. Се верува дека планирала да побегне во Кина.

За сите храбри борци

Алармите биле исклучени поради сајбер-напад

Златото е украдено од галеријата на музејот, кој е сместен во рамките на универзитетот Сорбона. Локалните медиуми наведуваат дека алармните и надзорните системи на музејот биле исклучени поради сајбер-напад, што крадците, наводно, го искористиле.

Директорот на музејот оценил дека станува збор за „многу професионален и добро информиран тим“.

Повеќе од само грабеж – Париз е под опсада

Овој грабеж во Природонаучниот музеј се случил само неколку дена пред големата кражба на накит во Лувр, кога крадците однесоа осум вредни предмети, вклучувајќи и крунски дијаманти. Полицијата истражува повеќе случаи на грабежи на музеи низ Франција во последните месеци, што укажува на организирана криминална операција.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Го труела синот со сол за да добие внимание на фејсбук, детето починало

Крајот на светот доаѓа порано, научниците имаат застрашувачка прогноза