во ,

„Глобалното затоплување сè менува“: Tажната вистина зошто штрковите останаа на Балканот

Фотографот на диви животни, Аријан Мавриќи, денес за Клан Косова зборуваше за феноменот со штрковите кои оваа година не мигрираат на југ од Балканот.

Тој изјавил дека штрковите се забележани како престојуваат на исто место веќе една недела, наместо да одлетаат кон африканскиот континент, како што би требало.

Зошто штрковите остануваат?

„На почетокот нè интересираше дали се повредени или имаат проблеми… да го продолжат летањето, но добивме информации дека се во многу добра физичка состојба“, изјавил Мавриќи.

Според него, оваа невообичаена појава е директна последица на климатските промени. „Тоа ни дава да сфатиме дека глобалното затоплување веќе сè менува“, заклучил тој.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Меракот ќе го чини 3.200 евра, наместо „тројка“ добил тупаници и грабеж

„Добро е да имаме уште еден аргумент“: Сиљановска доби копија од повелба од 1690 година