во ,

Го труела синот со сол за да добие внимание на фејсбук, детето починало

Трагичната приказна што се одвивала во предградие на Њујорк и денес предизвикува морници, а зборува за петгодишното момче Гарнет Спирс, кое настрадало од раката на родената мајка.

Откако момчето починало во болница во Вестчестер под необични околности, била спроведена истрага и мајката Лејси Спирс завршила на суд – обвинета за свиреп злочин.

За сите храбри борци

„Краток и мачен живот“

Обвинителството тврдело дека мајката му вбризгала смртоносна количина сол преку цевката за хранење – додека момчето било хоспитализирано, а цело време водела блог „Патувањето на Гарнет“ и објавувала вести за неговата состојба.

На крајот од процесот таа била осудена на 20 години затвор, а пред поротата се слушнало дека ги користела здравствените тегоби на детето за да добие внимание на социјалните мрежи.

Обвинителството од почетокот тврдело дека Лејси Спирс е „одговорна за неговиот краток и мачен живот“. „Во текот на своите пет години, Гарнет морал да претрпи бројни хоспитализации, непотребни хируршки интервенции и на крајот труење со сол, а сето тоа од страна на личноста која требало да биде негов најважен заштитник“, рекла портпаролката на обвинителството.

Објави на мрежите

Според судските документи, Лејси раскажувала дека момчето патело од бројни медицински проблеми – од Кронова болест до целијакија. Нејзините објави на социјалните мрежи, вклучувајќи и фотографии од последните часови на момчето на апарати за одржување во живот, биле користени како докази на судењето.

Анализата на крвта открила сè

Откако Гарнет бил примен во болница, лекарите не можеле да ја утврдат причината за неговата лоша состојба. Одеднаш, ситуацијата драматично се променила и сиротото момче починало. Персоналот бил целосно збунет.

Била направена анализа на крвта и бил пронајден висок степен на натриум, што укажувало дека некој го отрул. Биле прегледани снимките од надзорните камери, а по повеќемесечна истрага мајката била уапсена.

Повеќе од само злосторство – Минхаузенов синдром

Лејси Спирс тврдела дека е невина и дека лекарите се виновни за смртта на нејзиното дете. Судот не ѝ поверувал, па била осудена за убиство од втор степен, а било земено предвид дека таа најверојатно пати од Минхаузенов синдром преку полномошник – ретко ментално нарушување каде што старателот (најчесто мајка) измислува или предизвикува болест кај лицето за кое се грижи (најчесто дете) за да привлече внимание и сочувство кон себеси. Деценијата ја поминала зад решетки, а уверена е дека ќе биде слободна во јуни 2034 година.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кинескиот воз-куршум го собори рекордот, возеше со неверојатни 453 километри на час

Ги исклучиле алармите со сајбер-напад, па украле злато вредно 1,5 милиони евра