
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно отстранил неексплодирана артилериска граната пронајдена на плажа покрај Дојранското Езеро.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден
Интервенцијата ја извршил пиротехничарот Зоран Пејев, кој го обезбедил и го отстранил опасното убојно средство од брегот.

Гранатата тежела 13,6 килограми
Станувало збор за артилериска граната со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми.
Според информациите, гранатата потекнувала од периодот на Првата светска војна и била наменета за хаубица М14.

Вакви средства и натаму се пронаоѓаат
Неексплодирани убојни средства од минатите воени конфликти најчесто се откриваат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот Регион.
Иако се стари повеќе од еден век, тие и натаму можат да претставуваат сериозна опасност. Граѓаните не треба да ги допираат или поместуваат, туку веднаш да ја известат полицијата или службите за итни случаи.


