
Најсилен удар врз континенталниот дел
Според податоците на грчкиот Институт за демографски истражувања и студии, бројот на новороденчиња паднал од 117.400 во 2009 година на само 68.300 во 2024 година. Сепак, овој негативен тренд не е подеднаков во сите делови на земјата.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден
Континенталниот дел на Грција е најтешко погоден. Во дури шест региони – Теспротија, Евританија, Фтиотида, Гревена, Кожани и Лерин – намалувањето на бројот на раѓања надминува 50 отсто. За разлика од нив, состојбата на грчките острови е нешто постабилна, каде што падот во најголем дел е под 40 отсто, додека на Кикладите и Закинтос тој е помал од 15 отсто.
Умираат двојно повеќе отколку што се раѓаат
Она што најмногу ги загрижува демографите е драстично променетиот сооднос меѓу родените и починатите лица, кој укажува на забрзано стареење и намалување на нацијата.
„Додека во 2009 година биле регистрирани 92 смртни случаи на секои 100 раѓања, во 2024 година оваа црна статистика достигна неверојатни 184 смртни случаи на 100 раѓања.“
Светла точка во оваа црна статистика се само пет од вкупно 74 регионални единици во Грција (Санторини, Миконос, Кос, Наксос и Ретимно на Крит), каде што сè уште има повеќе раѓања отколку смртни случаи. На спротивната страна, во 17 континентални региони се бележат екстремни бројки од 250 до 376 починати лица на секои 100 новороденчиња.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден








