
Со оглед на летната сезона и зголемената фреквенција на возила, граѓаните кои патуваат надвор од државата се соочуваат со вообичаените гужви на најфреквентните гранични премини.
Состојба на Табановце и Богородица
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Според најновиот извештај на АМСМ, на граничниот премин Табановце времето на чекање за излез од државата изнесува околу 30 минути. Од друга страна, граѓаните кои патуваат кон јужниот сосед преку граничниот премин Богородица треба да се вооружат со поголемо трпение, бидејќи таму се чека околу еден час.
„На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата,“ соопштуваат од Автомото сојузот.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата каде фреквенцијата е значително зголемена.


