
Од вкупниот број евидентирани пожари, шест се сè уште активни, еден е ставен под контрола, додека дури 22 се целосно изгаснати благодарение на интервенциите на службите во текот на ноќта.
Локации на активните пожари
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Според извештајот, активни пожари има во општините Студеничани, Македонски Брод, Велес, Зелениково, Јегуновце, Сарај, Крушево и Крива Паланка. Најголем дел од овие активни жаришта зафатиле шума, ниска вегетација и грмушки.
„Во општините Јегуновце и Сарај пожарот од подрачјето на селата Копанце и Туденце се проширил кон селото Бојане, додека пожарот кај С’лп, во општина Велес, се проширил кон Добрино и Тисовица во општина Зелениково,“ информираат надлежните.
Изгаснати 22 жаришта
Добра вест е што пожарот помеѓу селата Алданци и Норово во општина Крушево е конечно ставен под контрола. Истовремено, во текот на ноќта противпожарните екипи успешно изгаснаа 22 пожари на отворен простор низ целата држава.
Изгаснати се жариштата во следните општини: Бутел, Гази Баба, Зелениково, Битола, Могила, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Крушево, Богданци, Струга, Кичево, Чешиново-Облешево, Липково, Тетово, Брвеница, Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше.


