
Според информациите од унгарската државна новинска агенција МТИ, автобусот излетал од коловозот, паднал во канал и целосно се превртел во близина на градот Мецекерешто. Според унгарските медиуми, во туристичкиот автобус во моментот на несреќата имало вкупно 57 патници и двајца возачи.
Тежок биланс на жртви и повредени
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Унгарскиот премиер Петер Маѓар преку објава на Фејсбук утрово ги потврди црните бројки од несреќата, изразувајќи жалење за трагедијата.
„Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се тешко повредени кога полски автобус се лизна од автопатот М3,“ соопшти премиерот Маѓар.
На местото на настанот веднаш пристигнале голем број спасувачки екипи. По долга и тешка акција, спасувачките служби успеале да извлечат вкупно 35 повредени лица од смачканиот автобус, кои итно се пренесени во околните болници за понатамошна медицинска помош.


