во ,

Дадилка стана интернет сензација поради својот глас: Пее како принцеза од Дизниевите цртани филмови

На едно девојче од САД многумина би ѝ позавиделе бидејќи нејзината дадилка има идентичен глас како Ариел.

Имено, неодамна мајката на девојчето, Ники, тајно ја снимила дадилката на својата ќерка како пее песна од цртаниот филм „Малата сирена“, а потоа видеото го објавила на социјалната мрежа ТикТок.

„Се обидувам да ја охрабрам почесто да го пушта нејзиниот глас, но нејзиниот изглед ја обесхрабрува. А сè што моите деца и јас гледаме е убавина“, напишала мајката на девојчето.

Реклама

Видеото го погледнале повеќе од 11 милиони луѓе, а гласот на оваа девојка воодушеви многумина.

„Девојко ме расплака, твојот глас е мелем за уши“, гласи еден од коментарите.

По големата популарност на ова видео, Ники заклучила дека треба да го користиме интернетот за ширење на позитивна содржина.

„Сè што нѝ е потребно на овој свет е малку љубов и позитивност, затоа ширете ја“, заклучила Ники и споделила уште едно видео во кое овојпат дадилката пее песна од популарниот цртан филм „Мулан“.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

24 Брутални илустрации кои ги акцентираат проблемите на модерното општество

Невидлива скулптура продадена за 18.000 долари – уметниците завршиле на суд