во ,

Невидлива скулптура продадена за 18.000 долари – уметниците завршиле на суд

Во светот одекна веста дека првата “невидлива скулптура на светот” се продала за 18.000 американски долари. Том Милер, уметник од Флорида, го тужел италијанскиот уметник кој ја продавал оваа необична скулптура, тврдејќи дека прв дошол до таа идеја.

Иако постоел сомнеж во самиот интегритет на уметничкото дело, уметникот од Флорида се бори за сосема спротивното. Тој тврди дека станува збор за негов идеен концепт, и дека до оваа идеја дошол пред италијанскиот уметник Салваторе Гарау.

Том Милер, уметник од Гејтсвил, наведува дека во 2016-та година својата невидлива скулптура ја претставил на јавноста на Плоштадот во својот град. Своето уметничко дело го нарекол “ништо”.

Реклама

“Кога го видов делото на италијанскиот уметник помислив дека тоа е мое дело, помислив дека ми ја украл идејата и дека ми припаѓа дел од заработката. Го контактирав, но тој ме одби, па ангажирав адвокат”, истакнал Том Милер.

Како што навел адвокатот Ричард Фабијани, евидентно е дека невидливото уметничко дело му припаѓа на Том Милер а дека Салваторе само ја искористил таа идеја и го продал уметничкото дело. Поради тоа е важно да се препознае вистинскиот уметник кој ги заслужува сите права и бенефиции за својата работа.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Дадилка стана интернет сензација поради својот глас: Пее како принцеза од Дизниевите цртани филмови

24 Првокласни анархисти кои не се замараат со било какви правила во општеството