во ,

Дами и господа, еден од нашите мотори откажа, меѓутоа не грижете се, имаме уште три мотори…

Во авион на сред лет пилотот и се обраќа на патниците:

– Дами и господа, еден од нашите мотори откажа, меѓутоа не грижете се, имаме уште три мотори, едноставно летот ќе трае еден час повеќе.

После половина саат повторно обраќање:

– Уште еден мотор откажа, летот ќе трае два часа подолго… можеме да летаме и со два мотора.

Еден час подоцна, повторно пилотот:

– За жал уште еден мотор откажа, ќе доцниме три часа… не грижете се, се уште имаме еден мотор.

На ова една плавуша се обраќа на човекот до неа:

– Ако изгубиме уште еден мотор, останавме цел ден во воздух!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ако ги вратите парите, казната ќе ви биде намалена…

Трпе, под итно мораш да престанеш со пиењето на рум…