
Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов, не можеше да замисли поубаво враќање на терените. Со блескав гол во буквално последните секунди од натпреварот, тој му донесе три златни бода на актуелниот шампион на Полска, Јагелонија!
По речиси еден месец надвор од тимот поради повреда, Чурлинов не само што се врати – туку тоа го направи на спектакуларен начин. Во својот кам бек, тој го постигна деби голот за Јагелонија, кој се покажа како победоносен, осигурувајќи победа од 2:1 против Копенхаген на гости во рамки на Конференциската лига. И сето тоа во магичната 98-ма минута!
Македонскиот напаѓач влезе како џокер во 55-та минута и, со само една брилијантна шанса, целосно ја сврти приказната. По неговиот гол, Чурлинов ги спобудале навивачите, славејќи заедно со нив на оградата како вистински херој на мечот.
Овој гол беше токму тоа што му требаше на Чурлинов за враќање на самодовербата, особено во пресрет на важните гостувања на Македонија против Летонија и Ерменија на 10-ти и 13-ти октомври. Со оваа блескава изведба, тој покажа дека е подготвен да ја води Македонија кон нови победи.

Патот до победата никогаш не е лесен, но кога имаш срце како на Чурлинов, и 98-та минута може да биде момент за историја!
View this post on Instagram
View this post on Instagram
- 
La Linea v1699 ден
 559.20 ден
- 
Петок699 ден
 559.20 ден
- 
La Linea v3699 ден
 559.20 ден
- 
Спаси ја водата, пиј пиво699 ден
 559.20 ден
- 
Јас сум толку стар699 ден
 559.20 ден
- 
Џаст До Ит!699 ден
 559.20 ден
 
 
 








