
Денес православната македонска црква и верниците го слават големиот христијански празник Светиот великомаченик Димитриј, или познат како празникот Митровден.
Со денешниот празник Митровден се поврзани многу обичаи и верувања, а се смета и за предвесник на зимата. На овој ден именден слават сите оние кои го носат името Димитар, како и неговите изведени верзии Мите, Митре, Митко…
Приказната за заштитникот на Солун
Oвој славен и чудотворен светител се родил во градот Солун, од благородни родители. Татко му бил војвода солунски, а по неговата смрт, царот Максимијан го поставил Димитриј на истата позиција. Иако царот му наредил да ги гони христијаните, Димитриј не само што не го послушал, туку и јавно го проповедал Христа. Кога дознал за тоа, царот се разјарил и го фрлил Димитриј во затвор. Знаејќи што го чека, тој го разделил својот имот на сиромашните. Војниците го пронашле во затворот како се моли и го избоделе со копја. Од неговото тело потекло исцелително миро, а неговите мошти останале засекогаш во Солун, иако имало обиди да бидат пренесени во Цариград.
Обичаи за Митровден: Жените не смеат да допираат вретено, чешли и ножици
Како и со повеќето празници, така и Митровден се поврзува со народни обичаи. Едно од најважните верувања е дека во пресрет на овој празник (ноќта пред) треба да бидете дома. Во спротивно, се верува дека цела година ќе преноќувате во туѓи куќи.
Покрај тоа, постои верување дека децата не треба да се караат на Митровден, без разлика колку згрешиле, бидејќи наводно ќе бидат непослушни цела година. Исто така, на овој ден, жените не треба да ги допираат овие три работи: вретеното, чешлите и ножиците.
Митровден е и „претскажувач“ на времето – ако денес има дожд и мраз, се очекува долга и ладна зима со многу снег!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







