во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 АВГУСТ: Од Лавовите зависи сè, Стрелците прават голема грешка

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Поважните обврски во првиот дел од денот препуштете им ги на луѓето со кои работите. Вие ќе бидете нервозни и склони кон грешки. Попладнето е веќе поинакво и ви носи подобра енергија. Вечерта е како создадена за љубовна авантура, но и излегување со друштвото или саканата личност.

♉

Бик

Во првиот дел од денот ќе бидете поповлечени бидејќи размислувате на кој начин да ги решите важните деловни прашања. Вториот дел од денот носи насоченост кон обврските и голем работен елан. Кон саканата личност можете да се поставите нешто поофицијално, затоа што сте преокупирани со други работи.

♊

Близнаци

Денес чувствувате тежина и несигурност. Ви се чини дека нема да успеете да дојдете до она што го сакате, без разлика за кој животен сегмент зборуваме. Не грижете се, сè што чувствувате сега ќе исчезне многу побрзо отколку што мислите. Пред вас се денови кои ќе бидат многу попоттикнувачки.

♋

Рак

Денес сте окупирани со лични, семејни или партнерски прашања. Ви се чини дека ситуациите ве туркаат кон одлуки, а вие сè уште не сте сигурни што и како да направите. Овој ден може да ве исцрпи, па обидете се барем во еден дел од денот да се дистанцирате и да побегнете од сите.

♌

Лав

Одлуки, одлуки… Изгледа дека денес нон-стоп мора да носите одлуки, а тоа воопшто не ви е лесно, бидејќи сте несигурни на која страна да тргнете. Можеби е подобро да не размислувате премногу, бидејќи колку повеќе ги оптоварувате своите мисли, сè повеќе се заплеткувате.

♍

Девица

Ако денес морате да работите, првиот дел од денот ќе го поменете во незадоволство бидејќи плановите ви се расипани. Но, ако сте ослободени од обврски, ве очекува поттикнувачко време со емотивниот партнер, а не би се изненадила и доколку се упатите на некое помало патување.

♎

Вага

Ви се чини дека нон-стоп нешто чекате. И веќе ви е преку глава од чекање. Во претпладневните часови ќе бидете нервозни и едвај ќе чекате некој да ве чепне за да можете да реагирате. И со саканата личност ќе бидете со доста променливо расположение, можна е силна нервоза.

♏

Шкорпија

Молчите и мудрувате. А што мислите, тоа само вие го знаете. Секакви размислувања ви се вртат низ главата, но главно се сведуваат на тоа дека не сте задоволни. Обидете се да го подигнете расположението, најдобро со помош на пријателите. Емотивниот дел функционира само во доцните вечерни часови.

♐

Стрелец

Веројатно во некој момент ќе сфатите дека нешто што сте морале да го одработите целосно сте го изгубиле од ум. Прашање е и дали сега воопшто можете да ја исправите оваа ситуација. Голем емотивен пад во вториот дел од денот. Потребен ви е контакт со саканата личност.

♑

Јарец

Ќе бидете под притисок на обврските кои мора да ги завршите. Имате доволно сила и ентузијазам, па веројатно повеќе од успешно ќе завршите сè што е пред вас. Вториот дел од денот е добар за контакти со пријателите, а при излегување може и да запознаете некој интересен.

♒

Водолија

Ден кога сте во движење и не се смирувате. Имате доста контакти со потенцијални клиенти, но не знаете како да се поставите во одредени ситуации. Нема да биде лошо да побарате совет. Можност за средба со некој кој допрва се обидувате да го освоите.

♓

Риби

Сè што имате од деловни или лични обврски ќе го завршите во првиот дел од денот. Остатокот од времето е ваше, за одмор, за опуштање, за средби со луѓе кои одамна не сте ги виделе и, секако – за емотивниот партнер. Уживајте, но внимавајте да не го испразните паричникот целосно.
Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево претпладне, но попладне можни се поројни дождови и грмежи!

НИ КАПКА МАСЛО, А НЕ СЕ ЛЕПАТ: Тајната за совршено пржени јајца како од ресторан!