во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 СЕПТЕМВРИ: Конечно и на Вагите да им тргне според планот, Рибите одат против својата природа

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Ве очекува многу подобро расположение и задоволство од постигнатото, а уште полетно ќе се чувствувате кога ќе сфатите дека можете да завршите многу повеќе од она што сте го планирале. Денес е можно да решите некој проблем кој ве мачи во односот со саканата личност.

♉

Бик

Некои промени кои сте ги покренале во претходниот период ќе заживеат од денес и веднаш ќе почувствувате растоварување. Симнавте една грижа од врат и сега полесно можете да дишете. Добар момент е некому да му дадете до знаење како се чувствувате.

♊

Близнаци

Денес организираноста и концентрацијата се доста силни, но можно е тоа да е поради тоа што сфаќате дека морате што побрзо да се фатите за работа, бидејќи ќе излезете надвор од рамките на рокот кој ви е даден. Време е со својата поубава половина да разговарате за ситуациите кои ве мачат.

♋

Рак

Денес никој не може да ве запре по некои деловни прашања. Се подготвивте баш како што треба за еден важен деловен разговор или состанок. И во емотивните односи денес ќе бидете практични и ќе договорите со партнерот некој заеднички настан.

♌

Лав

Проблемите постојат за да се решаваат – со тоа ќе се водите денес (или, подобро кажано, со тоа ќе се охрабрувате себеси). Денес се можни некои многу креативни решенија за постоечката проблематика. Ден одличен за нови познанства и контакти со спротивниот пол.

♍

Девица

Денес решивте кон некоја проблематика да пристапите на малку поинаков начин. Колку ова навистина ќе донесе резултати, тоа набрзо ќе го видите. Само малку добра волја и расположение може да ви донесе многу во односот со саканата личност.

♎

Вага

Мило ви е што гледате дека некои ваши планови се остваруваат, најмногу затоа што сте свесни колку труд сте вложиле во сето ова. Можно е да станува збор за посериозна понуда. Почекајте да ја слушнете целата приказна од страна на емотивниот партнер пред да почнете да се лутите.

♏

Шкорпија

Денес ве чека важен договор со деловен соработник. Во одлично расположение сте, подготвени да се појавите и да победите. Вистински момент е за комуникација и посилно започнување на приказната со некој кој ви е исклучително привлечен. Успех во сè што ќе преземете.

♐

Стрелец

Во текот на денешниот ден ќе морате малку подобро да се организирате за да не се изгубите во случувањата кои ќе ги има на сите страни. Стигнувате навреме, само одредете ги приоритетите. Емотивниот живот ќе трпи поради вашата голема деловна ангажираност.

♑

Јарец

Малку сте неодлучни по некои прашања и постојано варирате дали да се придвижите и да донесете одлука или да почекате уште малку. Можеби е подобро да им се посветите на редовните обврски. Ќе бидете нервозни и со емотивниот партнер, но и со членовите на семејството.

♒

Водолија

Можно е во утринските часови да помислите дека пред вас е еден убав и лесен ден. За жал, ситуациите понатаму во голема мера ќе ве демантираат по ова прашање. Нервоза. И со емотивниот партнер ќе имате трзавици и напнати моменти.

♓

Риби

Нема да дозволите некои однесувања на луѓето околу вас да влијаат на вашето расположение. Свесни сте дека морате да им се посветите на своите обврски и да ја баталите грижата за другите. Некои потези од страна на емотивниот партнер ве допираат многу подлабоко отколку што сакате да покажете.
Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МЕТЕО АЛАРМ ЗА ПОПЛАДНЕВО: Од сончево утро до силно невреме со град и поројни дождови!

Овој рецепт е спас за зафатените денови: Шпагети со колбасици, печурки и чери домати