
Дневен хороскоп за Божиќ (7 јануари): Ракот со широко срце, Бикот им угодува на сите, а Овенот со мала нервоза
Божиќната енергија носи мир и семејна хармонија за повеќето знаци. Ѕвездите советуваат денеска да ги заборавите грижите и да се посветите на најблиските. Еве што ве очекува:
Овен
Драги Овни, поминете го овој ден опкружени со семејството и најмилите. Ви посакуваме наредниот период да ви донесе многу радост, веселба и мир. Денес може да очекувате мала нервоза, но сепак ќе преовладува доброто расположение.
Бик
Сигурно е дека ќе се чувствувате и повеќе од добро – ќе бидете во движење и расположени. И не само тоа, ќе сакате максимално да им угодите на оние кои ви се блиски до срцето. Проведете убави моменти заедно.
Близнаци
Уживате во убави мигови со семејството. Ви посакуваме наредниот период да ви донесе радост, благосостојба и задоволство. Едноставно, опуштете се и уживајте во денешниот ден.
Рак
Денес ќе бидете со широко срце, подготвени да ги примите во прегратка сите оние што ги сакате. Не се нервирајте за ситници и не си го расипувајте денот! Уживајте во опкружувањето на најдрагите лица.
Лав
Во претпладневните часови ќе мора да ги испочитувате членовите на семејството и да ги исполните ветувањата што сте им ги дале. Уживајте во овој убав ден бидејќи ви носи складни односи со луѓето што ги сакате.
Девица
На овој ден сте смирени, задоволни и опкружени со љубов. Ви посакуваме убав помин и доброто расположение да ве држи и во наредниот период. Имајте прекрасен ден.
Вага
Драги Ваги, денот ви носи хармонија, опуштена и квалитетна атмосфера со луѓето што ги сакате. Потрудете се максимално да му се посветите на семејството – тие се зажелеа за вашето присуство, исто како и вие за нивното.
Шкорпија
Најмногу ќе бидете свртени кон децата, семејството и саканата личност. Пред вас се многу убави и мирни мигови. Ви посакуваме ова празнично расположение да трае што подолго.
Стрелец
Денес ќе најдете најубави зборови за вашите најблиски и сигурно ве чекаат прекрасни, топли моменти во домот. Ви посакуваме да поминете ден исполнет со искрена радост.
Јарец
Кај вас ќе преовладува топло и добро расположение. ќе имате нежни зборови за сите со кои ќе бидете во контакт денес. Ве исполнува и радува тоа што сте опкружени со луѓе кои искрено ги сакате.
Водолија
Се гледа дека „од сета сила“ ќе уживате со членовите на семејството. Доброто расположение, смеата и блискоста ќе го одбележат овој Божиќ. Имајте прекрасен помин.
Риби
Вие ќе се потрудите да го разубавите секој миг на оние околу вас. Ќе уживате во разговорите со семејството и пријателите, а посебно внимание и љубов ќе ѝ подарите на саканата личност.
-
Петок
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден







