во ,

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8 НОЕМВРИ: Одлични љубовни шанси за Близнаци, оставете ги Девиците да си гледаат своја работа

Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.

Астролог Олга Савиќ

ОВЕН

И покрај добриот почетен момент, не сметајте многу на тоа дека денот ќе биде мирен и без пресврти. Неочекувани настани ви доаѓаат во пресрет. Некој од пријателите може да ве исфрли од такт. Не дозволувајте тоа да ви го расипе излегувањето.

БИК

Планирале или не – деловниот сегмент ќе донесе многубројни случувања, пресврти и доста стрес. Не дозволувајте некои ситуации премногу да ве допираат. Некој може да ви го расипе расположението, немојте да дозволите тоа да се одрази на односот со саканата личност.

БЛИЗНАЦИ

Вие денес не знаете на која страна попрво да се свртите, па веројатно ќе функционирате на повеќе колосеци. Брз и исполнет со случувања ден кој прилично ќе ве измори. До крајот на денот ви стои добро расположение, па дури и нови љубовни шанси.

РАК

Првиот дел од денот е мирен, додека веќе попладневните и вечерните часови можат да донесат ситуации кои не ви се пријатни. Енергијата која е присутна подобро искористете ја за активности и добро расположение со саканата личност. Доколку сте слободни – симпатијата може да ве изнервира.

ЛАВ

Некои ситуации со деловните или емотивните партнери ви создаваат притисок и ве оптоваруваат. Трудете се овие работи да не ве допираат – ако некој е нервозен, не мора да ве изнервира и вас. Сè можете да свртите во своја корист доколку бидете прилагодливи.

ДЕВИЦА

Ќе изгубите доста време доколку се обидувате да ги исправате туѓите „криви Дрини“. Немојте да дозволите однесувањата на другите да ве допираат, вие гледајте си ја својата работа. На личноста која ја сакате денес можете на вистински начин да ѝ покажете колку ви е стало до неа.

ВАГА

Малку ќе се нервирате денес околу финансиите, но нема да дозволите тоа во целост да ви го расипе расположението. Вашите мисли денес се најмногу насочени кон забава и провод – па и ако се потроши некој денар повеќе, што да се прави.

ШКОРПИЈА

Сè што е поврзано со семејството, куќата, членовите на семејството или приватните бизниси – денес ќе ве нервира. Ќе морате да ги менувате плановите во последен момент, а тоа ни малку не ви се допаѓа. Обидете се да пронајдете повеќе време за саканата личност.

СТРЕЛЕЦ

Денес треба да вклопите сто работи, ситуации, личности и случувања. Но, вие во сето ова влеговте со одлично расположение во фазон „што ќе решам, супер, а што нема, нека се реши само“. Немојте само односот со саканата личност да трпи поради недостаток на време.

ЈАРЕЦ

Забава, провод, пријатели – некои весели активности денес можат да ве остават со празен паричник. Но, нема причина да жалите – сигурно е дека ќе си поминете одлично. Околу себе собирате позитивни луѓе кои со својата енергија ќе ви го „креваат“ расположението.

ВОДОЛИЈА

Добро, но малку променливо расположение, па можете со своите однесувања да ги збунувате оние кои се околу вас. Вие се трудите да ширите позитивна енергија, а оние со кои сте во контакт – нека се снаоѓаат. Емотивно – мирни сте и задоволни.

РИБИ

Вие сте имале едни планови, но ситуациите денес се непредвидливи и затоа немојте да бидете изненадени доколку ве одведат во сосема поинаков правец. Пред вас е ден исполнет со секакви случувања, а сигурно е дека во некои од нив и ќе уживате.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Силен јужен ветер и пороен дожд, не излегувајте без чадор

Детскиот џагор на игралиштата и смеата пред зградата, денес го замени тишината на екраните