во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 8 СЕПТЕМВРИ: Близнаци и Девици, водете сметка да не направите некоја грешка на работа

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Некои фини деловни прилики ќе се отворат уште од самиот почеток на денот. Силни можности да подобрите една соработка или да започнете договори за нова. Што се однесува до емотивниот дел – моментално сте задоволни од односот со саканата личност. Имате разбирање.

♉

Бик

Многу очекувате, но ситуацијата е добра за да ги остварите тие очекувања. Сепак, обидете се да бидете нешто пореални и поконкретни во договорите, за да може и другата страна да се постави така. Во емотивниот сегмент – главно функционирате коректно со партнерот.

♊

Близнаци

Денес, драги мои Близнаци, водете сметка да не направите некоја грешка на работа. Ако и направите, потрудете се некој од колегите или надредените да не ја види. Додуша, денес можат да дојдат на наплата и некои минати грешки и пропусти, па ви држиме палци да поминете како што треба…

♋

Рак

Мене лично би ме заболела главата од толку планови кои ги имате денес. А дека ги има, ги има. Како ќе го остварите сето тоа, веројатно само вие знаете. Ако успеете барем една третина – одлично сте поминале. Само немојте да ја запоставите работата фантазирајќи за тоа како ќе правите и што ќе правите.

♌

Лав

Имате многу работа, а ништо не ви се работи. Треба да извршите многу разговори, но склони сте да ги избирате оние во кои се чувствувате добро и оние личности кои ви годат. Не се силете на ништо. Во емотивниот сегмент – време е за опуштени разговори, не за нешто важно.

♍

Девица

Иако денес ќе има и проблеми на работа, и некои недефинирани ситуации, сепак доста задоволно ќе го завршите вашиот работен ден. Можеби вашиот оптимизам е неоправдан, но нема да расипуваме. Во главата веќе имате романтично сценарио, но ми се чини дека нема да успеете да го остварите.

♎

Вага

Нималку денес не сте задоволни како се одвиваат ситуациите во работното опкружување. Да, бесни сте, но не сакате другите да видат што се случува во вас. За саканата личност ќе бидете тешки како црна земја, бидејќи во исто време ќе бидете тврдоглави, но и ќе наоѓате маани за секоја ситница.

♏

Шкорпија

Што се случува денес во вашата глава, тоа веројатно само вие го знаете. Искрено, не сум сигурна дека воопшто работата ќе ви биде на памет, бидејќи толку се заплеткавте во некои емотивни размислувања, што веројатно ќе го преседите целиот ден и ќе фантазирате, фантазирате, фантазирате….

♐

Стрелец

Ми изгледа дека денес тешко ќе успеете да побегнете од некои проблеми. Со надредениот нема да најдете заеднички јазик, дома ќе ве дочекаат проблеми со кои тешко се борите, а на сето ова вие сте уморни и исцрпени и само сакате сите да ве остават на мира.

♑

Јарец

Точно знаете дека одредени луѓе ви продаваат некои приказни, но сè уште не можете да покажете дека сте ги пробиле. Ќе ви биде многу напорно со некого навидум нормално да функционирате, бидејќи сте разочарани од однесувањето на таа личност. Во емотивниот сегмент – ситни случувања.

♒

Водолија

На ништо друго нема да мислите, освен на пари, оптовареност со трошоците кои се зголемени. Во секој случај, ќе се грижите поради парите. Попладнето нема баш да го поминете во бајно расположение, слаба комуникација со партнерот.

♓

Риби

Сè некако се натрупа и веќе чувствувате дека ви е по малку премногу и од обврски и од луѓе и од ситуации. Најрадо би оставиле сè и би избегале некаде, што подалеку. Препорака за вас е овој ден да го земете за себе, да го поминете во мир и можеби со личноста која ја сакате.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТОПЛОТЕН БРАН ПРЕД НЕВРЕМЕ: Денеска сончево до 36 степени, попладне следуваат град и силни грмежи!

Телешка чорба како од најдобра кафеана: Густа, кремаста и полна со месо, а овој чекор ја прави совршена