
Дневен хороскоп за 9 март: Шкорпија размислува за една личност, Рибите ги очекува интензивен ден
Денешниот ден носи различни енергии за секој хороскопски знак. Некои ќе се соочат со дилеми и одлуки, други со емоции и нови контакти, додека за дел од знаците овој понеделник може да донесе интересни пресврти во љубовта и работата.
Овен
Се двоумите дали е вистински момент да започнете со плановите што долго ги подготвувате. Ако немате доволно информации, подобро е да почекате. Во љубовта се чувствува мала тензија и недоразбирање со партнерот.
Бик
Чувствувате притисок поврзан со важни деловни прашања. Сепак, другите ве гледаат како личност која знае што сака. Во љубовта внимавајте со зборовите, бидејќи лесно можете да ја погодите слабата точка на партнерот.
Близнаци
Се обидувате да воспоставите добра комуникација со соработниците, но имате чувство дека не ве слушаат доволно внимателно. Можно е да мислите дека некои работи се случуваат зад вашиот грб. Во љубовта се појавува љубомора.
Рак
Со малку дипломатичност ќе успеете да ги избегнете дел од проблемите на работа. Можно е кратко недоразбирање со колега. Во љубовниот живот добро е да се отворите кон личноста која ви се допаѓа.
Лав
Сами на себе си создавате притисок, но успевате да ги завршите обврските со солиден резултат. Во љубовта сакате да решите одредена ситуација со партнерот, но очекувате другата страна да го направи првиот чекор.
Девица
Иако некои разговори ви се тешки, генерално ќе бидете задоволни од исходот на денот. Луѓето околу вас покажуваат разбирање. Во љубовта владее топлина, нежност и добра комуникација.
Вага
Не успевате навреме да завршите дел од обврските, а не сакате да побарате помош од колегите. Ќе мора да вложите дополнителен напор за да стигнете сè. Односот со саканата личност е променлив и силно влијае врз вашето расположение.
Шкорпија
Решени сте конечно да затворите некои обврски и денот носи добра енергија за тоа. Можно е да добиете повик поврзан со деловен договор или соработка. Во љубовта мислите на личност која некогаш била важен дел од вашиот живот и се прашувате дали е време за нов чекор.
Стрелец
Пред вас е многу работа, но концентрацијата денес не ви е на највисоко ниво. Ќе мора да се фокусирате повеќе, особено ако имате кратки рокови. Во љубовта партнерот е тежок за комуникација и лесно може да дојде до недоразбирање.
Јарец
Многу работи денес одат во ваша корист. Луѓето со кои контактирате се подготвени да ви помогнат и да ве поддржат. Но во љубовта или во новите контакти, вашиот ладен став може да оттурне некого што сака да ви се доближи.
Водолија
Сакате многу обврски да завршите одеднаш, но шансите се големи дека ќе направите збрка ако брзате премногу. Можно е да сретнете личност која некогаш ви била симпатична, но разговорот со неа може да ви делува напорно и исцрпувачки.
Риби
Потребна е претпазливост во секој договор, бидејќи постои можност да не се разбирате целосно со другата страна. Но на емотивен план денот е многу силен и интензивен. Ќе имате чувство дека сте преплавени со љубов, нежност и длабоки чувства кон личноста што ја сакате.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден







