во ,

Добар ден… документите ве молам, направивте гоолем прекршок!

Проаѓам на црвено и ме застанува полиција:

-Добар ден… документите ве молам, направивте гоолем прекршок!

Реклама

*Немам документи …

-Како тоа немате документи ?

*Пиев… помешав виски, пиво, дупло виски, пиво и сум ги забравил…

-Аха значи возите под алкохол… пијан сте а ?

* Е па како инаку да превезам оружје и бомби во гепекот ??

-И оружје имате го гепекот???!??

*Па морам да се бранам ако некој ме застане и сака да ми ја земе дрогата?!?

Полицаецот јавува по радиостаница на шефот дека фатил опасен криминалец, Доаѓа шефот со екипа и ми вика:

-Документите Ве молам !

Јас му одговарам учтиво:

– Повелете…

-Ајде сега да направиме тест за алкохол …така… хмммм немате алкохол во крвта… Ајде отворете да прегледам што носите во гепекот…

-Еве повелете !

-Хммм, чисто е… немате ништо

Го прашувам јас заинтересирано:

-А што требаше да имам во колата ???

-Г-не колегата ми се јави дека сте без документи, пијан и возите оружје и дрога!

-Како да не… уште да измисли дека сум поминал на црвено и крај…


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сине, како помина на испит денеска?

Јас решив… Го напуштам факултетот за електротехника, доста ми е…