
Информациите за разделбата на Матијс де Лихт и неговата сопруга Ана Моленар, само нешто повеќе од една година по венчавката, кружат во јавноста, а порталите „DenD“ и „Daily Star“ наведуваат дека парот одлучил да „земе време за себе“.
И покрај гласините за развод, Моленар изгледа одлично се забавува. Во неделата таа сподели фотографии од сончев одмор — вклучувајќи и заматен полароид каде што позира гола, скромно покривајќи го телото со рацете.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден

Повеќе од само фотографија – ѝ се заканува казна
Токму поради тоа што ја објавила фотографијата на Инстаграм, оваа убавица ризикува да биде казнета од самата платформа, тврдат британските медиуми. Ниту Моленар, ниту Де Лихт јавно не се огласиле по повод наводната разделба, за која се тврди дека е поврзана со нејзиниот „спиритуалистички“ начин на живот.
Тие се заедно веќе седум-осум години, а таа го следеше насекаде. Во меѓувреме, самиот Де Лихт овој викенд се враќа на теренот, каде што Јунајтед го очекува натпревар против Тотенхем.


