во ,

„Доста е дискриминација“: Пензионерите креваат бунт пред Уставен суд во понеделник!

Пензионерите на нозе: Масовен протест пред Уставен суд во понеделник за одбрана на линеарното покачување

Пензионерите кои се залагаат за рамномерно зголемување на пензиите најавија дека во понеделник, 1 декември, во 11 часот, ќе одржат масовен протест пред Уставниот суд во Скопје. На собирот ќе пристигнат пензионери од цела Македонија (Штип, Свети Николе, Куманово, Скопје) со цел да го одбранат правото на линеарно пресметување на пензиите и да спречат евентуално укинување на оваа мерка.

Бараат К-15 и посмртнина од 50.000 денари

Супер Попуст -25%

Покрај барањето за задржување на линеарното усогласување, пензионерите испорачаа и нови барања: исплата на К-15, воведување пензионерска картичка и зголемување на надоместокот за погреб (посмртнина) од сегашните 35.000 на 50.000 денари.

Ултиматум: Ако нема резултати, нови протести на 10 декември

„Сите ќе се залагаме да дојдеме во Скопје, за да кажеме дека е доста дискриминација“, порачаа пензионерите. Тие најавија дека доколку протестот во понеделник не вроди со плод, нема да се откажат и ќе продолжат со помасовни протести веќе на 10 декември.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто замрзнувачот е најголемиот непријател на вашето сирење?

ОТКРИЕН ИЗВОРОТ НА ЗАРАЗАТА: „Коктел“ од норовирус и фекални бактерии ги разболе децата во Влае!