во ,

Дошол Мујо навечер камен пијан и се бутнал во кревет покрај Фата која веќе спиела….

Дошол Мујо навечер камен пијан и се бутнал во кревет покрај Фата која веќе спиела. Кога се разбудил, видел чуден човек, облечен во белo.

– Кој си ти? – прашал Мујо

– Јас сум Свети Петар.

– Тоа значи дека сум мртов?

– Да! – одговорил Свети Петар

– Ама, имам толку многу за што да живеам… не се ни простив одмоите… мора да ме вратиш назад и тоа веднаш! – се изнервирал Мујо

– Можеш да се реинкарнираш, но има мал проблем. Можам да те вратам назад ама само како куче или како кокошка. – му рекол Свети Петар

– Подобро како кокошка зашто има една фарма во близина на мојата куќа.

Петар плеснал со рацете, се појавува светлост и Мујо се наоѓа прекриен со пердуви како колва по дворот.

Доаѓа петел до него и го прашува Мујо:

– Значи, ти си новата кокошка, како ти е првиот ден овде?

– Супер е ама имам чудно чувство дека ќе експлодирам одвнатре – одговорил Мујо

– Не е тоа ништо, овулираш. Не ми кажувај дека никогаш немаш снесено јајце? Ако немаш, само опушти се и дозволи се да оди по својот тек.

Мујо се опуштил и по некое време излетало јајце. Мујо го преплавила милина бидејќи по првпат во животот почувствувал мајчинство.

Кога го снел второто јајце го обзел уште поголем бран емоции и знаел дека реинкарнацијата во кокошка е најдоброто што можела да му се случи во животот…

Уживањето било неописиво и таман кога сакал да го снесе и третото јајце, одеднаш осеќа јак удар во главата и ја слуша Фата како вика:

– Пробуди се, п**ка ти материна пијана, сереш по креветот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што се смееш, зарем не знаеш каде си?

18 Миленичиња кои добија нова фризура, но не сите се воодушевени од неа