во

ДРАМА ВО ХРВАТСКА: Не стивнува пожарот на Долги Оток, пет лица повредени во Омиш се во животна опасност!

Пожарникарите во текот на целата ноќ водеа тешка и исцрпувачка битка за одбрана на куќите и викендичките од големиот пожар што избувна кај Брбиње на Долги Оток. Огнот утрово сè уште не е целосно ставен под контрола, а ситуацијата е критична и во други делови, со пет лица во животна опасност по пожарот во Омиш.

Гаснењето на Долги Оток го отежнуваат непристапниот и стрмен терен, како и густата макија која брзо гори. На терен се наоѓаат околу 100 пожарникари, меѓу кои локални сили и 50 пожарникари од копното со вкупно 17 противпожарни возила. Според информациите од терен, во текот на ноќта пожарот се поделил на два крака, од кои едниот е долг околу еден километар, а другиот 600 метри.

Успешно одбранети објектите

Супер Попуст -25%

И покрај тешките услови, надлежните служби успеале да спречат материјална штета врз домовите на граѓаните.

„Во текот на целата ноќ се работеше на активна одбрана на објектите, со оглед на тоа дека станува збор за остров на кој практично во секој залив има по една, две или три куќи и викендички. Сè беше успешно одбрането и нема штета,“ изјави командантот на Противпожарната заедница на Задарската жупанија, Матеј Рудиќ.

Пожарникарите побарале помош од два канадери, кои утрово веднаш пристигнале на пожариштето за да помогнат огнот да биде ставен под контрола. На островот постојано пристигнуваат и дополнителни противпожарни сили за да помогнат во санирањето на теренот.

Нови жаришта кај Задар

Дополнителен проблем за веќе исцрпените противпожарни служби претставуваа уште четири нови пожари кои избувнаа во текот на ноќта на копнениот дел од Задарската жупанија. Овие пожари беа лоцирани во подрачјата на Галовац, Земуник и Мостар, но за среќа сите биле ставени под контрола за околу еден и пол до два часа.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ ВО НАУКАТА: Човечките мозочни клетки се многу помоќни отколку што се мислеше!

СДСМ СО НОВИ ОБВИНУВАЊА: Мицкоски избега од Гостивар, а водата забранета и во Демир Капија!