
Европа седи на „токсична темпирана бомба“: Илјадници депонии лоцирани во зони на поплави ја трујат водата за пиење со „вечни хемикалии“
Опсежното истражување спроведено од „Гардијан“, „Watershed Investigatives“ и „Investigate Europe“ изнесе на виделина фрапантни податоци кои укажуваат на потенцијална еколошка катастрофа. Од вкупно 61.000 мапирани депонии низ Велика Британија и Европа, дури 28% се лоцирани во подрачја кои се подложни на поплави. Со оглед на климатските промени кои носат почести и поинтензивни врнежи, професорот Патрик Бирн предупредува дека постои реален и зголемен ризик токсичниот отпад од овие локации да се измие директно во реките, подземните води и екосистемите, а со тоа и во водата за пиење на милиони луѓе. Проценките се уште пострашни – вистинскиот број на вакви ризични локации би можел да достигне и до 140.000.
Жива, кадмиум и PFAS над дозволените граници
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Анализите покажаа присуство на опасни материи на критично ниво. На одредени депонии се детектирани високи концентрации на т.н. „вечни хемикалии“ (PFAS) и полихлорирани бифенили (PCB). Конкретно во Чешир (Велика Британија), нивото на PFAS било дури 20 пати над дозволените граници за вода за пиење, додека во Грција е регистрирано истекување на тешки метали како жива и кадмиум во реката Недонтас. Загрижувачки е фактот што повеќе од половина од мапираните депонии се наоѓаат во зони каде што подземните води веќе не ги исполнуваат хемиските стандарди за квалитет, што значи дека контаминацијата е веќе во тек.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден







