во ,

Еден влав и еден мијак станале пријатели и почнале да се дружат…

Еден влав и еден мијак станале пријатели и почнале да се дружат. Еден ден влав му оди на гости на мијакот и како по обичај мијакот му вари кафе на влавот.

Го врзал зрното кафе со конец и го пропуштил во ѓезвето да се кува. Го гледа тоа влавот, но ништо на тоа да реагира, го испиле кафето и си заминал.

После неколку време мијакот му оди на гости на влавот, и како по обичај со муабетот влавот почнува да кува кафе.

И тој го врзал зрното кафе и почнува да го кува кафето, но наместо зрното внатре во водата, тој од време на време го пропушта и пак го вади надвор.

Тоа го гледа мијакот и го прашува влавот зошто така прави. На тоа влавот му одговара на мијакот:

“Абе побратиме, кај тебе кафето ми беше многу јако, па затоа сакам да пиеме кафе, малку послабо”…


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 Фантастични градби кои не носат на друго место

Зошто си тажен?