во ,

Еден професор по математика и испратил факс на својата жена…

Еден професор по математика и испратил факс на својата жена: Драга жено, Сигурно ти е јасно дека веќе имаш 54 години, а јас имам одредени потреби кои ти едноставно веќе не можеш квалитетно да ги задоволиш.

Од секоја друга гледна точка, нашиот брак е складен. Задоволен сум со тебе како жена и искрено се надевам дека овој факс нема премногу да те повреди или налути.

Реклама

После работа ќе одам во мотел со мојата 18 годишна асистентка, ама ќе се вратам дома пред полноќ.

Твојот сопруг.

Кога пристигнал во мотелот, на рецепција веќе го чекал повратен факс од жена му.

Драг мажу,

И ти имаш 54 години, а во моментот кога ќе ги читаш овие реченици јас ќе бидам во друг мотел со 18 годишниот келнер од блиското кафуле, а бидејќи си генијален математичар, сигурно нема да ти биде тешко да сфатиш дека 18 во 54 влегува многу повеќе пати отколку 54 во 18.

Немој да ме чекаш.

Твојата жена.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зашто не сакате да ми кажете колку е саат?

Татко, тато. Нели мачките имаат мачиња?