во ,

Еден човек се разбудил, погледнал на часовникот, било 7 часот и 7 минути…

Еден човек се разбудил, погледнал на часовникот, било 7 часот и 7 минути. Се облекол, отишол во кујната, погледнал на календарот, 7-ми, јули (7-ми месец). Излегол надвор, а на автобуската постојка стои автобус со број 7. Влегол во продавница, сметката му била 77 денари.

„Повеќе од јасно е дека денес 7 ми е среќен број. Имам претчувство дека треба да го искористам тоа“ – си помислил човекот.

Отишол во една обложувалница за коњски трки и коњот со број 7 се викал „Судбина“. Човекот решил последните 1000 денари што ги имал да ги стави на тој коњ. И навистина, коњот завршил… седми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Што точно се случува во телото додека се топат маснотиите?

Крем со колкав фактор?