во ,

Една ден у ресторан влева Блажо, а со него врзано на ортомка еден голем ној…

Една ден у ресторан влева Блажо, а со него врзано на ортомка еден голем ној…

Седнуат на мас’та, иде келнерката и ги прашуе шо сакат, и Блажо вика:

-Сакам голем хамбургер, помфрит и пиво…

Реклама

Се врте и го прашуе нојот:

-А ти…

-И ја исто сакам…

Завршуат со јадењето, иде келнерката да наплате, и му вика:

-Сметката е 650 денра..

Блажо посига у џепот, и ваде точно толку пари…

И така една недела, се исто,

Влева другата недела, келнерката прашуе:

-Вообичаено ли че биде…

-Не, денеска е Понделник и сакам две ребра, зелена салата и пиво…

Го прашуе нојот:

-А ти….

-И ја го сакам истото…

После некое време иде келнерката со сметката и вика:

-Тоа е 970 денара…

Блажо па посига у џепот, и па ваде точно пари колку шо е сметката…

Кленереката радознала го прашуе:

-Де кажи ми сеа, како сег’гаш од џепот вадиш точно пари…

-Абе пред некоа година, го чисте подрумот и најду стара ламба каа наа на Аладин, фана да а чистам и испадна дух, и ми речи дека че ми исп’не две желби.

Мојта прва желба ми беше, у џепот да имам точно толку пари колку шо ми требе да а платам сметката, и желбата ми се оствари…сег’гаш каа купуам нешто, у џепот
ми се појавуат точно толку пари колку шо ми требе…

Келнерката вика:

-Па тоа е стварно паметно, друг би барал огромно богатство и други глупости, а ти че бидиш богат до крајот на животот…

-Баш така, да побарам леб и млеко, или нај скапата кола, сег’гаш че можам да платам…

-А шо е финтата со нојот…

-Е таму се заеба даа, втор’та желба ми беше, со мене до крајот на животот да е младо пиленце со д’ги нози и голем газ, шо сегаш це сложе шо че кажам јас…


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Отишија кумановац у Америку и биднаја много гладан…

Шо прајш бе, арен ли си?