Македонската фудбалска репрезентација ја победи селекцијата на Казахстан со резултат 1:0.
Важната победа беше извојувана на гостински терен. По враќањето дома, дел од македонските првотимци одлучија да прослават. Тие го направија тоа на еден многу оригинален начин.
Нашите репрезентативци Елиф Елмас, Ѓоко Зајков и Стефан Ашковски се почестија. По враќањето во Скопје, тие веднаш отишле во Чаир. Таму си купиле по еден топол симит. Ова го направиле во една од култните фурни во населбата.
Ѕвездата на нашиот тим, Елиф Елмас, објави и фотографија од дружбата. „Од Казахстан, на симит,“ гласи неговата објава на социјалните мрежи. Овој потег предизвика воодушевување кај навивачите.
Победата во Астана е многу значајна за Македонија. По неа, нашата репрезентација се наоѓа на првото место. Од 4 одиграни натпревари, имаме освоено 8 бода. Исто така, мечот во Астана е 10-ти по ред без пораз за нашата селекција.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден