во ,

Е, ајде види што прави свињата…

Некој човек решил да ја однесе својата свиња на парење, но бидејќи сопственикот на машката свиња живеел на другиот крај од селото, морал да ја стави во количка и да ја однесе до таму.

Ја носи свињата со количка, а другиот му дава пари, по договорот. Почнува да му објаснува да внимава што ќе прави свињата утредента. Ако пасе трева, тогаш работата е завршена, а ако пие вода тогаш ќе мора повторно да ја донесе.

Утрото човекот погледнува, а свињата пие вода.

Ја става пак во количка, ја носи и повторно зима пари колку што се договориле. Свињата завршува работа и повторно ја враќа дома.

Следното утро свињата пак пие вода.

Човекот, немајќи избор, пак ја качува во количка и ја носи повторно и зима пари како што се договориле.

Утредента изнервиран човекот и вика на својата жена:

– Е, ајде види што прави свињата. Ако пак пие вода, ќе ја заколам!

Жената погледнува низ прозор:

– Не пие.

– А јаде ли трева?! – среќно вика човекот.

– Не јаде.

– Па што прави тогаш?!

– Ништо, си седи во количката и чека…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јас земам плата 7.000 долари. Кога ќе ги одбијам даноците, ми остануваат 6.500…

Драги, а ти какви жени сакаш повеќе, убави или паметни?