
Со длабока тага ве известуваме дека почина Горан Грујиќ, познат на пошироката јавност како учесник во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“. Тој почина на 60-годишна возраст, а веста за неговата смрт ја потврдија неговите најблиски.
Зетот на Горан Грујиќ преку социјалните мрежи објави дека неговиот погреб ќе се одржи во понеделник, 7 април 2025 година, во 14 часот на старите гробишта во Велика Плана.
Во емотивната порака тој напиша: „Од утрово остануваат само спомени и празнина. Последната битка е изгубена. Нека му е лесна земјата и небесниот мир“.
Инаку, Горан Грујиќ беше не само талентиран пејач кој ја освои публиката со својот глас, туку и угледен специјалист по интерна медицина и кардиологија од Пожаревац. Тој беше пример за тоа како може успешно да се спојат две големи љубови – медицината и музиката.

За својата страст кон музиката, Горан еднаш изјави за Гранд: „Пеам кога сум среќен, а среќен сум кога ќе успеам да спасам живот, кога ќе излезам од должност како победник, кога нема смртни случаи, кога сè оди како што треба. За жал, понекогаш работите тргнуваат наопаку“.
Неговата позитивна енергија и талент ќе останат запаметени од публиката која го следеше неговото учество во музичкото шоу.
- 
La Linea v1699 ден
 559.20 ден
- 
Петок699 ден
 559.20 ден
- 
La Linea v3699 ден
 559.20 ден
- 
Спаси ја водата, пиј пиво699 ден
 559.20 ден
- 
Јас сум толку стар699 ден
 559.20 ден
- 
Џаст До Ит!699 ден
 559.20 ден
 
 
 








