
Јован Костадинов, храброто момче кое спаси 21 лице од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, беше забележано во посета на Бигорскиот манастир.
Веста за неговата посета беше споделена на Фејсбук, каде што беа истакнати неговата храброст и човечност.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Во објавата на Фејсбук се вели дека Јован е повеќе од само херој на Кочани, тој е „херој на целата наша држава Македонија“. Оваа титула ја заслужи со својот несебичен чин на храброст, ставајќи ја човечноста пред личниот страв за време на трагичниот настан.
Објавата исто така го опишува Јован како „симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот“ и како „потсетник за сите нас колку многу може да направи едно дете со големо срце“.
Посетата на Јован на Бигорскиот манастир е уште еден доказ за неговата скромност и големина, откако неговиот херојски чин го обиколи регионот и му донесе заслужено признание.


