во ,

Жешко издание на Антониа: Дали „Специјалиста“ е новиот летен хит?

Антониа Гиговска го објави жешкиот спот за новата песна „Специјалиста“

Поп-ѕвездата Антониа Гиговска ја претстави својата нова песна „Специјалиста“. Синглот е придружен со атрактивен видеозапис, кој ветува дека ќе стане хит за крајот на летото.

Во спотот, Гиговска се појавува како сексапилна заводничка со долги плетенки. Нејзиниот изглед и енергичните танцови сцени одлично се вклопуваат во динамиката на песната.

Супер Летен Попуст

Песната е посветена на скршените срца, но со оптимистичка порака. „Специјалиста’ е и за тие што скршиле срце и за оние на кои им било скршено срцето. И да се скршат и да боли, вреди… Љубовта секогаш победува, нели?“, порача пејачката.

Автори на песната се Лазар Цветкоски за музиката и аранжманот, а текстот го напишале заедно со Магдалена Ена. Режијата на спотот е на Даниел Јовески.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ема Томпсон шокира: Доналд Трамп ја викнал на состанок, а таа го одбила!

Менаџерите шират страв: Дали вештачката интелигенција навистина ќе ви ја земе работата?