
Најмоќното оружје во рацете на злонамерни актери
Во неодамнешно интервју за американската телевизија NBC, запрашан дали смета дека вештачката интелигенција е доволно моќна за да го уништи целото човештво, Гејтс даде исклучително директен одговор. Тој потенцираше дека технологијата дефинитивно има капацитет да предизвика настани со катастрофални последици.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
„Никогаш не постоело оружје толку моќно како комбинацијата на злонамерни актери и најновите алатки за вештачка интелигенција што тие ги користат“, предупреди американскиот милијардер.
Крај на саморегулацијата и повик до политичарите
Гејтс смета дека технолошките компании не можат сами да се контролираат. На прашањето дали се потребни строги закони за регулирање на вештачката интелигенција, тој децидно одговори дека ниту еден експерт повеќе не верува оти саморегулацијата на индустријата е доволна.
„Агенциите за спроведување на законот и политичарите треба да се вклучат во дискусијата за тоа како треба да изгледаат заштитните мерки и надзорот“, апелираше Гејтс.
Оваа дебата добива нов замав во светски рамки. Водечките компании во овој сектор, вклучувајќи ги „OpenAI“ (креаторот на ChatGPT) и „Anthropic“, веќе изразија подготвеност да го забават развојот на технологијата. Ова доаѓа по серијата хакерски инциденти кои предизвикаа сериозна загриженост во јавноста и го вклучија алармот за ранливоста на новите АИ системи.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден








