
Зеленски постави услов за средбата Трамп–Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев ќе ја поддржи евентуалната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Унгарија, само ако на неа се постигне договор за прекин на огнот и крај на војната.
Разговори „за Украина, без Украина“ се бесмислени
Тој потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан сака да го организира состанокот во Будимпешта, но нагласи дека разговори „за Украина, без Украина“ се бесмислени.
Обвинувања за Орбан и руската нафта
Зеленски го обвини Орбан дека ја користи темата за Украина за предизборни цели и дека се обидува да ја заштити зависноста на Унгарија од руската нафта. „Ќе најдеме начин Европа да остане без руска нафта, дури и ако тоа е тешко“, рече Зеленски.
Ова доаѓа во време кога Орбан беше во Вашингтон и побара од Трамп изземање на Унгарија од американските санкции против руската нафтена индустрија.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







