
Започнува влажна и ветровита недела: Денес дожд и југо, од четврток пад на температурите
Првиот работен ден од неделата (понеделник) носи облачно време со повремени врнежи од дожд. Посебно карактеристичен ќе биде умерениот до засилен јужен ветер, кој ќе ги одржува температурите релативно високи за овој период од годината. Максималните дневни температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а во Скопје до 10 степени.
Нестабилно до крајот на неделата: Доаѓаат обилни врнежи
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Метеоролозите предупредуваат дека сме под влијание на нестабилна воздушна маса. Очекувајте врнежите да продолжат и во следните денови, а на места ќе наврнат над 20 литри на метар квадратен. Внимавајте: во четврток и петок ветерот го менува правецот во северен, што ќе донесе значително заладување пред викендот.


