во ,

„Земи ракија“: Јокиќ го воодушеви Новицки по мечот, а прво му оддаде почит на Деки (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс убедливо ги совладаа Голден Стејт Вориорс со 129:104, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше најдобар поединец на теренот.

Јокиќ постигна 26 поени со 9 скока и 9 асистенции, а вистинското шоу следеше по натпреварот, кога српскиот кошаркар даваше изјава. Тој уште еднаш облече маица посветена на трагично починатиот српски тренер Дејан Милојевиќ, на која пишуваше: „Брате“.

„Земи ракија!“ – „И ти тоа го знаеш“

Потоа, тој се вклучи во живо во програмата „NBA on Prime“ и разговараше со НБА легендите Дирк Новицки и Стив Неш. На крајот од разговорот следеше интересен дијалог помеѓу него и Новицки.

„Ова беше забавно, многу подобро“, рече Јокиќ, а Дирк му порача: „Земи ракија“.

Следуваше брз одговор од Јокиќ: „И ти тоа го знаеш“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Милионерот што сака вечно да живее ви порачува: „Никако кафе попладне!“

Зеленски со јасен услов до Трамп и Путин: „Може средба, ама само за крај на војната“