
Новиот нацрт-извештај за напредокот на Македонија во Европскиот парламент предизвика нов бран на остри и нервозни реакции во Софија. Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ, Илија Лазаров, упати сериозни обвинувања до официјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц, прогласувајќи го за „исклучително пристрасен и подложен на странски сугестии“. Според бугарската страна, недозволиво е во документите на ЕУ да се провлекуваат теми како македонскиот „идентитет“ и „јазик“, кои за Софија остануваат спорни.
Уривање на ветото? Софија револтирана од предлогот за одлучување со двотретинско мнозинство
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Во гостувањето за телевизијата „Bulgaria ON AIR“, Лазаров отворено ја критикуваше објективноста на Вајц, тврдејќи дека тој не ги застапува европските стандарди, туку позициите на македонскиот државен врв.
„Докладникот Томас Вајц е исклучително пристрасен и се наоѓа под директно влијание на сугестиите што постојано му ги сервираат властите во Скопје, а најмногу премиерот Христијан Мицкоски“, изјави Лазаров. Најголемиот гнев кај бугарските претставници го предизвикаа конкретни препораки во извештајот кои суштински го менуваат начинот на водење на преговорите.
Лазаров како целосно „неприфатливи и несериозни“ ги посочи следните точки во предлог-протоколот:
- Крај за едногласноста: Известувачот Вајц препорачува во различните етапи на преговарачкиот процес, одделните поглавја да не се затвораат со целосен консензус (што би значело укинување на можноста за бугарско вето по поединечни поглавја), туку со двотретинско мнозинство од земјите-членки;
- Бришење на говорот на омраза: Според бугарскиот европратеник, Вајц се обидел да вметне текст со кој се препорачува поништување на досегашните одредби и критики кои се однесуваат на говорот на омраза против Бугарија.
—
„Египќаните може во Уставот, а Бугарите не“ – Лазаров со личен напад кон Мицкоски
Во однос на долготрајниот спор за македонскиот Устав, европратеникот од ГЕРБ уште еднаш го повтори децидниот став на Софија дека Бугарите мора веднаш да бидат впишани како конститутивен дел од државата. Тој се пожали на двојни стандарди во Скопје, посочувајќи дека во највисокиот правен акт на Македонија веќе се наведени и помали етнички заедници, како што се Египќаните, додека бугарското малцинство сè уште намерно изостанува.
Директна прозивка до македонскиот премиер:
Генералната оценка на Илија Лазаров е дека европскиот извештај за напредокот е исклучително лош бидејќи воопшто не го одразува реалниот „недостаток на напредок“ на Скопје во спроведувањето на преземените обврски. Тој не штедеше зборови ниту за реториката на македонскиот премиер. „Мицкоски во своите јавни говори едноставно зрачи со презир и омраза кон Бугарија. Тоа е апсолутно недозволиво и скандалозно однесување за лидер на земја која претендира да стане дел од европското семејство“, заклучи Лазаров.
Овие остри тонови од Стразбур и Софија јасно укажуваат дека евроинтегративниот пат на Македонија ќе остане под силен притисок на бугарските европратеници, кои секој обид за олеснување на преговарачката рамка го толкуваат како дипломатски пораз за Бугарија.
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден








