
Најбогатиот човек на планетата, Илон Маск, објави дека секое дете во Соединетите Американски Држави ќе добие по две акции од неговата компанија „Спејс-икс“ (SpaceX) – технолошки гигант фокусиран на вселенска технологија и вештачка интелигенција – во рамките на масовна донација проценета на околу 18 милијарди долари.
Иницијативата на Маск и паралелниот план на конкурентската компанија за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic) доаѓаат во период кога расте интересот на јавноста и креаторите на политики за тоа како да се распредели огромниот економски профит што произлегува од забрзаниот развој на вештачката интелигенција.
Како функционира распределбата преку програмата „Трамп акаунтс“?
Според објавата на Маск на социјалната мрежа Икс, секое дете ќе добие една акција директно од компанијата и уште една од неговиот личен портфељ. Во дополнително појаснување тој прецизираше дека акциите што ги донира „Спејс-икс“ ќе бидат префрлени на сметките на примателите веќе следниот месец, додека неговите лични акции ќе бидат префрлени во јуни следната година, веднаш по истекот на законскиот период на ограничување во кој тие не смеат да се продаваат.
Претходно во средата, од „Спејс-икс“ соопштија дека ќе доделат по една новоиздадена обична акција од класа А на секоја моментално активна сметка во рамките на програмата позната како „Трамп акаунтс“ (Trump Accounts), при што Маск лично ќе донира еднаков број акции. Оваа програма е осмислена да им овозможи на американските државјани помлади од 18 години да учествуваат на берзата и да градат сопствен капитал уште од најрана возраст.
Според податоците што Белата куќа ги објави во октомври, досега се отворени речиси 70 милиони вакви сметки. Бидејќи на крајот од тргувањето во средата цената на една акција на „Спејс-икс“ изнесуваше 127,44 долари, вкупната пазарна вредност на оваа двојна донација достигнува речиси 18 милијарди долари.
Удел во економијата на иднината и одговорот на конкурентот „Антропик“
Маск, чие лично богатство се проценува на приближно 824 милијарди долари, уште минатиот месец најави дека планира да подари по една акција од „Спејс-икс“ на секое дете во САД, образложувајќи дека подарувањето акции – кои претставуваат директен удел во економијата на иднината – директно на луѓето е вистинскиот пат за општествен напредок.
На сличен потег за споделување на вредноста од новите технологии се одлучи и конкурентската компанија „Антропик“, која неодамна стана јавно тргувано друштво. Уште минатиот месец од таму објавија дека ќе издвојат пет отсто од вкупните акции на компанијата за формирање нов фонд посветен на општото добро. Врз основа на тековните пазарни цени на берзата, оваа иницијатива се проценува на приближно 54 милијарди долари и има за цел да ѝ овозможи на компанијата да донира средства за доброто на човештвото во значително поголем обем.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден







