
Реакција по интервјуто кај Пирс Морган
Повод за реакцијата на милијардерот беше објава на социјалните мрежи во која се коментираше најновото интервју на Зеленски дадено за британскиот водител Пирс Морган. Во објавата се сугерираше дека најголемиот страв на украинскиот лидер е крајот на војната и одржувањето на претседателски избори.
„И така крвопролевањето ќе продолжи. Време е Зеленски да си оди!“, напиша кратко и децидно Маск.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Критики од Трамп и прашањето за изборите
Овој коментар на Маск доаѓа во период на зголемен притисок од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој исто така упати остри критики кон официјален Киев.
- Трамп јавно побара Зеленски итно да организира нови претседателски избори во земјата.
- Американскиот лидер посочи дека украинскиот претседател пропуштил повеќе шанси да стави крај на конфликтот и да потпише мировен договор со Москва.
Инаку, претседателскиот мандат на Володимир Зеленски формално истече на 20 мај 2024 година. Сепак, поради воената состојба во која се наоѓа државата по руската инвазија, властите во Киев досега не организираа ново гласање.

