
Дожд, засилен ветер и температури до 19 степени
Низ целата држава ќе дува умерен, а на места долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 1 до 10 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 11 до 19 Целзиусови степени.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Во Скопје и околината се очекува слично време – променливо облачно со повремен дожд и умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до 6 степени, додека дневната ќе се искачи до 16 степени.
Сончево и стабилно време за викендот
Иако денешниот ден носи врнежи, во деновите од претстојниот викенд и на почетокот на новата седмица, синоптичарите најавуваат стабилизирање на временските прилики. Ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот.


