
Услови за мир или најава за нова војна?
Мохсен Резаи, секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, преку социјалните мрежи испрати недвосмислена порака. Според него, Вашингтон сам се втурнал во мочуриште, а единствениот начин да не заглави уште подлабоко е целосно прифаќање на иранските барања. Иако целосната листа од седум услови сè уште не е јавно објавена, Резаи за Ал Џезира откри три клучни барања од кои Иран нема намера да отстапи:
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
* Итно завршување на војната на сите фронтови.
* Целосно ослободување на замрзнатиот ирански имот.
* Укинување на американската поморска блокада.
Пораката е пренесена, се чека одговорот на Трамп
Овие сериозни дипломатски пораки веќе се доставени до Вашингтон со помош на Катар, кој заедно со Пакистан во последните недели интензивно работи на обновување на комуникациските канали меѓу двете спротивставени страни. Сега, топката е кај американскиот претседател Доналд Трамп.
„Во интерес на Вашингтон е да ги прифати овие услови. Заканите на Трамп нема да дадат никаков резултат. Подготвени сме за одлучувачка војна“, остро предупреди Резаи.
Останува да се види дали американската администрација ќе попушти пред барањата за одмрзнување на средствата и укинување на блокадата или пак, како што предупредува Техеран, пропаѓањето на овие преговори ќе биде вовед во ново, уште поопасно продолжување на конфликтот.


