
„Црвена линија“ од Брисел до Белата куќа: ЕУ го предупреди Трамп дека Путин не смее да добие амнестија за воените злосторства
Висок функционер на Европската Унија испрати остра порака до администрацијата на Доналд Трамп, предупредувајќи дека американскиот мировен план за Украина не смее да го ослободи Владимир Путин од одговорност за извршените злосторства. Европскиот комесар за правда, Мајкл Мекграт, во интервју за „Политико“ нагласи дека Брисел има јасна „црвена линија“: разговорите за прекин на огнот не смеат да резултираат со неказнивост за Русија. „Ако дозволиме неказнивост за тие злосторства, ќе го посееме семето за следната рунда агресија. Тоа би била историска грешка од огромни размери“, дециден е Мекграт.
Судир на концептите: Трамп нуди економија и враќање во Г8, Европа бара правда за Буча и Мариупол
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Загриженоста во Европа расте поради нацрт-договорот на САД, кој наводно предвидува „целосна амнестија“ и брза реинтеграција на Русија во глобалната економија, вклучително и нејзино враќање во групата Г8 и нови енергетски партнерства. Овој пристап е во целосна спротивност со ставот на ЕУ, која инсистира на гонење за злосторствата како што се киднапирањето на 20.000 украински деца и масакрите во Буча. Додека Трамп зборува за „хокеарски натпревари“ и соработка во рударството, ЕУ потсетува на 178.000 отворени истраги за воени злосторства и налогот за апсење на Путин од Меѓународниот кривичен суд, нагласувајќи дека историјата нема да прости ако жртвите бидат заборавени заради политички договор.


