во

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА ИСЛАНД: Граѓаните на референдум одлучуваат дали да ги обновят преговорите за членство во ЕУ!

Исланд денеска одржува клучен референдум на кој повеќе од 270.000 гласачи одлучуваат дали земјата официјално ќе ги возобнови преговорите за пристапување во Европската Унија.

Социјалдемократската премиерка Криструн Фростадотир силно се залага за „за“ на референдумот, нагласувајќи дека во време на глобална неизвесност и геополитички тензии, малите држави мора да бараат заштита во пошироки сојузи. Иако земјата е силно економски интегрирана во европскиот пазар преку Европската економска област, прашањата за безбедноста – поттикнати и од американските закани за Гренланд – отворија сериозна дебата за одбраната и сојузништвото.

Рибарството како главен сопирач и двоен референдум

Супер Попуст -25%

Главната загриженост меѓу Исланѓаните останува контролата врз рибарството, кое е столб на економијата на островската држава, бидејќи преговорите во 2013 година пропаднаа токму поради овој спор. Сепак, премиерката нагласи дека Исланд веднаш ќе ги напушти преговорите доколку не му биде загарантирана целосната контрола врз риболовните ресурси, додека во случај на успешни преговори, граѓаните конечно ќе се изјаснат на втор, конечен референдум.

„Сметам дека ова е еден од најважните чекори што можеме да ги преземеме за да ги намалиме ризиците во време кога соседните земји се заштитени преку Европската Унија.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ОБЈАВЕН СПИСОКОТ НА ИСЧЕЗНАТИ ТУРИСТИ ВО НЕПАЛ: Меѓу стотиците имиња од регионот се наоѓа и една Србинка!

ТОП ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ЕУ ТУРИСТИ: Тирана прогласена за најповолна европска дестинација за есенско патување!