во

Историски момент во вселената: Спејсекс првпат го фати огромниот Старшип со џиновски механички раце!

Вселенското летало „Старшип“ на компанијата Спејсекс испиша нова историја откако по враќањето од орбитата успешно беше фатено во воздух од џиновски механички раце на лансирната рампа во Тексас, докажувајќи дека повеќекратната употреба на ракетите е реалност.

Епски потфат и делумен неуспех со засилувачот

Спејсекс забележа огромен напредок во своите вселенски амбиции откако леталото Старшип, изработено од не’рѓосувачки челик, по 22 часа минати во вселената се спушти исправено и беше безбедно фатено од огромните раце на лансирната кула. Основачот Илон Маск го нарече настанот „епски ден“, објавувајќи видео одблизу на мрежата Икс, а во наплив на емоции дури и го прегрна леталото.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Иако овој сегмент од мисијата беше беспрекорен, компанијата не успеа да изведе двојно фаќање. Првиот степен на ракетата-носач (засилувачот) се соочи со проблеми откако неговите мотори престанале да работат прерано при спуштањето. Системот за наведување автоматски го пренасочил кон Мексиканскиот Залив каде што се самоуништил, а инженерите сè уште ја истражуваат точната причина за овој дефект.

Чекор поблиску до Месечината и Марс

Ова беше 15-ти лет на Старшип во целосна големина и само второ патување во орбитата, но најсупешно досега. Најмоќната ракета во светот се искачи на височина од 265 километри, направи 14 круга околу Земјата и успешно ослободи 26 напредни сателити Старлинк. Од компанијата известија дека сите системи, вклучувајќи го и клучниот топлински штит, функционирале одлично.

Успешното фаќање на леталото е клучно за плановите на НАСА и Спејсекс за брзо и евтино рециклирање. Американската вселенска агенција веќе инвестира милијарди за Старшип да ги спушти астронаутите од мисијата „Артемис“ на Месечината. Спејсекс најавува дека во следните неколку месеци ќе започне со лансирања и од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида, што ќе биде почетна точка за лунарните вежби.

„Овој подвиг е речиси магичен и претставува огромен чекор поблиску до Месечината. Целосната повеќекратна употребливост е клучна за иднината на истражувањето на вселената.“ — изјави администраторот на НАСА, Џаред Ајзакман.

Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Судир на писта: „Боинг 767“ на ЈПС и „Боинг 737“ на „Копа ерлајнс“ се удрија во Мајами

Општа тревога на Блискиот Исток: Иран со дронови нападна американска воена база во Бахреин!