во

ИСТОРИСКИ ЧЕКОР ВО НАУКАТА: Вештачката интелигенција за првпат создаде функционални вирусни геноми!

Вештачката интелигенција направи историски чекор и отвори нова ера во светот на биологијата. Американски истражувачи за првпат употребиле ВИ системи за дизајнирање на целосно нови вирусни геноми, кои во лабораториски услови докажале дека можат да се репродуцираат и да извршуваат биолошки функции.

Истражувачите од престижниот Универзитет Стенфорд успешно создале 16 нови вируси. Научниците смируваат дека овие вируси засега можат да инфицираат исклучиво бактерии и не претставуваат никаква закана за луѓето. Сепак, овие резултати отвораат сосема нова фаза во развојот на синтетичката биологија, покренувајќи сериозни прашања за биолошката безбедност.

Од 302 дизајни, 16 се покажале функционални

Супер Попуст -25%

Истражувачкиот тим првично користел вештачка интелигенција за да генерира огромен број потенцијални вирусни дизајни. Од нив биле селектирани 302 најперспективни кандидати кои биле синтетизирани и тестирани, а резултатите покажале дека 16 од создадените вируси биле способни да ја нападнат и уништат бактеријата ешерихија коли.

„Ова е следното ниво на сложеност што генеративната вештачка интелигенција може да го дизајнира. За првпат е употребена за да се создаде комплетен геном што може да се реплицира и да извршува функции во клетките,“ изјави вонредниот професор на Стенфорд, Брајан Хи за Би-Би-Си.

Голем потенцијал, но и сериозни ризици

За разлика од досега, кога ВИ дизајнираше само поединечни молекули и протеини, овој пат помогнала во создавање целосен вирусен геном способен да функционира како биолошки систем. Способноста на компјутерите да дизајнираат биолошки структури со ваква прецизност предизвикува сериозна загриженост кај експертите за биосигурност од Универзитетот Џонс Хопкинс.

Професорот Марк Гуел од Универзитетот Помпеу Фабра го оцени ова истражување како „многу значајна пресвртница“. Според него, човештвото влегува во период каде биологијата може активно да се дизајнира со помош на алгоритми, со што границата меѓу информатичката технологија и природната еволуција станува сè понејасна.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЛАВРОВ СО ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА: САД се директно вмешани во украинските напади на руска територија!

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево претпладне, но попладне можни се поројни дождови и грмежи!