во , , ,

Каква генијалност! „Pizza Hut“ доставува пица во кутија која се претвора во столен фудбал

За сите љубители на фудбалот кои се разочарани од фактот дека не можат да ги гледаат натпреварите во големо друштво поради коронавирусот, „Pizza Hut“ осмислила начин како барем малку да ги утеши разочараните навивачи.

„Foosball Pizza Box“ е името на нивниот концепт кој во Хонгконг го рекламираат како „гратис парче за уживање“, а станува збор за кутија за пица која се трансформира во мини столен фудбал.

Иако пред се станува збор за одличен маркетинг, љубителите на пица и фудбал се воодушевени од ваквата идеја. Акцијата на „Pizza Hut“ трае до 20 октомври во текот на која ќе се доделат 5 кутии на оние кои ќе ја симнат нивната апликација и ќе остават најкреативен коментар на нивниот Фејсбук профил.

За жал, ние немаме прилика да учествуваме во наградната игра, но можеби некоја од домашните пицерии ќе се сети на слична интересна идеја како да го разубави секојдневието на нивните клиенти.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најомразената актерка ја покажа трансформацијата за филмот, ја препознавате ли?

Прекрасни куќи за кукли направени во готик замоци – не е секоја барбика розова!