во ,

Како да направите совршена домашна супа без мака и многу состојки

Нема ништо поедноставно, ниту повкусно од чинија топла домашна супа.

Без разлика дали станува збор за класична пилешка супа, варијанта со зеленчук или егзотична крем-супа, овој универзален оброк ги спојува вкусот, аромата и чувството на дом. За многумина, супата е повеќе од храна, а овој едноставен рецепт за супа веднаш ќе ви се допадне, особено затоа што не бара да поминете многу време покрај шпоретот.

Состојки за домашна супа:

  • Домашни тестенини (фиде) за супа
  • 1-2 пилешки копани
  • 1 среден морков
  • 1 пилешко крилце (по желба, за побогат вкус)
  • Сол, бибер
  • Сечкан магдонос
  • 1 коцка за супа (пилешка или зеленчукова)
  • Малку масло

Подготовка на домашната супа:

  1. Наполнете едно подлабоко тенџере со вода (повеќе од половина) и ставете ги копаните и крилцата да се варат. Посолете ја и побиберете ја водата.
  2. За тоа време, исчистете го морковот и исечете го на тркалца.
  3. Кога месото е веќе полуварено (малку омекнато), додадете ги тркалцата од морковот во тенџерето.
  4. Оставете сè заедно да се крчка додека и морковот не омекне.
  5. Додадете ја коцката за супа и две лажици масло.
  6. Намалете ја температурата и додадете ги домашните тестенини (фиде). Варете уште 5-10 минути, или според упатството на тестенините, додека не се сварат.
  7. Тргнете го тенџерето од оган и додадете го свежо сечканиот магдонос.

Домашната супа е подготвена за јадење. Пријатен апетит!

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вашето куче одбива храна кога сте нервозни, причината е во вашиот мирис

Уапсен Владимир Штимац: Таблоидите тврдат дека ‘поттикнувал насилство’