во ,

Кина ѝ дише во вратот на Америка: Заплови „Фуџијан“, носач со технологија што ја има само САД.

Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да ја достигне поморската моќ на САД, јави кинеската државна телевизија CCTV.

На церемонијата на островот Хаинан присуствувал и претседателот Шји Џинпинг, кој симболично го активирал катапултот на палубата.

Повеќе од само носач – технологија што ја има само САД

„Фуџијан“ е трет и технолошки најнапреден носач на авиони во кинеската флота. Тој е првиот опремен со електромагнетни катапулти (EMALS) – технологија што досега ја поседува само американскиот „USS Gerald R. Ford“. Оваа технологија овозможува полетување на авиони со поголем товар и поголем дострел.

Нуклеарниот погон е следен

Иако користи конвенционален погон, за разлика од американските нуклеарни носачи, „Фуџијан“ со истиснина од 80.000 тони се смета за најмоќниот кинески брод досега и извор на национална гордост. Во Кина веќе се гради и четврти носач, познат како „Тип 004“, кој се очекува да има и нуклеарен погон.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

И покрај протестите на верските заедници, Албанија го усвои Законот за родова еднаквост

Аларм во базата на Трамп: Евакуација поради бел прав, луѓе во болница